Утрински Весник
Македонија

Де-Инвест на Беким Земоски интензивно работи на привлекување странски партнери кои би инвестирале во Македонија

Bekim zemoski
Како сопственик на консталтинг компанијата Де-Инвест, која уште од 2007 година соработува со
реномирани интернационлани клиенти ексклузивно застапувајќи ги во настапот на меѓународните
пазари, Беким Земоски и Де-Инвест се меѓу компаниите кои интензивно работат и на
привлекување на странски инвестиции и партнери кои би инвестирале во Македонија. Од
неодамна, компанијата најави и конкретни инвестиции во земјата во партнерство со
интернационални компании во делот на енергетиката.
Сопственикот Беким Земоски, чие име во минатото беше споменувано и во медиумите во своето
20-годишно искуство работел на голем број значајни развојни проекти, како за компании, така и
за владиниот сектор. Она што се издвојува во кариерата на Земоски, покрај успешното
претприемништво, е и меѓународното политичко искуство. До 2005 година, тој работи како
советник во Владата на тогашниот премиер на Република Македонија, Владо Бучковски. Земоски е
директно одговорен за поддршка на кандидатскиот статус на земјата во ЕУ, координација на
меѓународни проекти, како и за односите со повеќе германски компании и институции.
Во декември 2005, Земоски станува советник и во германскиот владин тим нa Д-р Тео Вајгел,
поранешен германски Сојузен министер за финансии во Владата на Хелмут Кол. Со својот
ангажман тој значително придонесува да се обезбеди поддршката на Франција и Германија за
кандидатскиот статус на Македонија во ЕУ. Како советник, Земоски ја поддржува Република
Македонија во своите ЕУ и НАТО интеграции, развива односи сo меѓународни инвеститори и
обезбедува експертски консултантски услуги за интеграција на земјата со европските институции

Можете да прочитате

Не стигнало барање за одземање на имунитетот на судијата Ристов, вели Камбовски

Утре ќе се бира шеф на Скопското обвинителство

Лимани од Букурешт: Северна Македонија гради модерен, инклузивен и дигитализиран систем на социјални услуги