Утрински Весник
Магазин

Деџенерис се облече како нејзиниот омилен суперхерој

Деџенерис се облече како нејзиниот омилен суперхерој
Ss2

Водителката Елен Деџенерис се маскираше во својот омилен суперхерој, медицинска сестра, во чест на работата што ја прават за време на пандемијата.

Елен  (62) ова го стори по повод претстојниот празник, Халовин (Ноќ на вештерките), кој паѓа в сабота. Таа облече униформа на медицинска сестра, под која има златно лого на супермен и соодветни нараквици.

Со овој потег им оддаде признание на медицинските сестри кои им помагаат на луѓето дијагностицирани со Ковид-19, и истакна  дека медицинските сестри се нејзиниот омилен суперхерој.

Елен ја започна епизодата со најава дека во текот на ноември ток-шоуто ќе ги истакне луѓето од првите редови и сите други кои биле од суштинско значење за справување со пандемијата.

Во текот на ноември, месецот на изразување благодарност, „Елен“ ќе ги изненади суперхероите од реалниот живот во и надвор од студиото и ќе им возврати со неверојатни подароци што ќе им го променат животот, се вели во соопштението за печатот.

Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

Зеленото смути е идеално за пролетна детоксикација

Научниците открија како да престанете да чувствувате лутина во стресни ситуации

Климатолог на НАСА предупредува дека последиците од температурната аномалија ќе ги почувствуваме веќе во август