Утрински Весник
Спорт

Дехари сам ќе го носи македонското знаме на отворањето на ЗОИ

Дехари сам ќе го носи македонското знаме на отворањето на ЗОИ

Денес во Пекинг ќе бидат отворени 24.Зимски олимписки игри (ЗОИ). Македонија на Игрите ќе биде застапена со тројца натпреварувачи.

Знаменосец на стадионот „Птичје гнездо“ во Пекинг, ќе биде Дардан Дехари. Претходно беше предвидено Дехари и Ана Цветановска заедно да го носат знамето, меѓутоа Цветановска е во изолација поради контакт со заразено лице.

Цветановска, која на сите тестови имала негативни резултати, според протоколот мора да биде во изолација, откако два позитивни теста добил нејзиниот тренер Борче Јованоски.

Доколку има два последователни негативни тестови, со посебно одобрение, Борче Јованоски ќе може веднаш од специјализираниот Ковид хотел да се врати во Олимпиското село во Пекинг.

> Дехари сам ќе го носи македонското знаме на отворањето на ЗОИ <

Можете да прочитате

Успешно реализирано Светското училишно првенство во ракомет – Македонија ја оправда довербата на светската спортска сцена

Мастербет со поддршка за младиот шампион Силвио Мировски на патот кон нови европски успеси

Неверојатно полуфинале во Париз – ПСЖ и Баерн постигнаа девет голови