Утрински Весник
Спорт

Десетте најдобри според Тијаго Силва, на листата го нема Леандовски

Десетте најдобри според Тијаго Силва, на листата го нема Леандовски

Ветеранот Тијаго Силва (36) направил Топ листата на фудбалери кои најмногу го импресионирале. Тијаго Силва е поранешен играч на Милан и ПСЖ, а на залезот на кариерата се пресели во Челси.

Во изборот на Тијаго Силва, нема место за Роберт Левандовски. Искусниот Бразиелц се определил за играчи со кои ја делел соблекувалната, во клубот или репрезентацијата, исклучок се замо Дидие Дрогба, Адријано и Ромарио.

Од десеттото до четвртото место се Анхел Ди Марија, Килијан Мбапе, Роберто Фирмино, Ромарио, Адријано и Дидие Дрогба.

„На чевртото место е Златан Ибрахимовиќ, како човек ме имперсионираше, а инспирира и многу млади играчи. Имал црн појас пред него што запонал да игра фудбал“, рекол Силва.

Најдобрите тројца се Нејмар, Кристијано Роналдо и Лео Меси.

„Нејмар е трет поради неговата класа, интелигенција и магија. Роналдо е втор, бидејќи ми се допаѓа неговиот професионализам, посветеност и страста што ја има кон фудбалот. И на крајот Меси, неверојатно квалитетен, природен талент, голем професионалец. За мене тој е најдобриот“, завршил искусниот Бразилец.

> Десетте најдобри според Тијаго Силва, на листата го нема Леандовски <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Затворски казни до 12 години побарани за медицинскиот тим на Марадона

Вардар ја пречекува Висла во обид да дојде до првите бодови сезонава во ЛШ

Ајкула, заробена во крајбрежен парк во Јужна Кореја, не сака да си замине, стана вистинска туристичка сензација