Утрински Весник
Македонија

Денеска се очекува пресуда за предметот „Трезор“

Денеска се очекува пресуда за предметот „Трезор“

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да биде изречена пресудата за предметот „Трезор“, кој се однесува на злоупотреба на средства од Буџетот на државата за набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.

Во овој предмет првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР- Небојша Стајковиќ, и поранешениот началник на Петтата управа во МВР-Горан Грујевски.

Тројцата се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања, а Тони Јакимовски за помагање.

Според обвинението, во овој случај се злоупотребени над 860 илјади евра.

Случајот „Трезор“ го води судијката Џенета Бегтовиќ, а застапник на обвинението е ОЈО за организиран криминал, кое го презема предметот од поранешното СЈО.

Можете да прочитате

Актерот Јолевски, историчарот Стојков и археологот Лилчиќ-Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“

Шумската полиција со засилени акции: Запленети над 500 кубни метри дрвна маса и поднесени 140 пријави 

Клековски: Вакцините против грип се пристигнати и пријавувањето ќе започне час поскоро