Утрински Весник
Економија

Денеска нема нови цени на горивата

Денеска нема нови цени на горивата

По два дена покачување на цените на нафтените деривати, денеска Регулаторна комисија нема ниту да прави корекција.

За предложените законски измени кои се во собраниска сила, откако ќе бидат донесени и објавени во Службен весник, членовите на седница ќе одредат највисоки малопродажни цени, согласно акцизата.

„ Што се однесува до измените во законот за ДДВ, предвидено е согласно член 4 да се пристапи кон примена на даночна стапка од 10% кога Владата на Република Северна Македонија поблиску ќе ги определи видот на добрата и временскиот период на ослободување на плаќањето на ДДВ“, велат од Регулаторна за измените.

Оттаму посочуваат дека РКЕ ќе ја вкалкулира намалената стапка на ДДВ во нова одлука штом Собранието ќе ги изгласа измените во Законот за ДДВ и откако потоа Владата ќе донесе одлука.

„ По завршување на овие две процедури РКЕ ќе донесе одлука и со вкалкулирано намалено ДДВ“, додаваат оттаму.

Можете да прочитате

Цените во угостителството во јули зголемени за пет проценти

Во првите два месеца од 2025 година извозот 1,229 милијарди, а увозот 1,834 милијарди евра

УЈП: Инкасирани 37,4 милиони евра повеќе приходи во буџетот во споредба со јули минатата година