Утрински Весник
Политички Партии

Демократски сојуз: Да се повлечат измените на изборниот законик

Демократски сојуз: Да се повлечат измените на изборниот законик
Ss2

Демократскиот сојуз на седницата на собраниската Комисија за политички систем ќе предложи амандмани на предлог измените на Изборниот законик. Но, поради тоа што од партијата сметаат дека поради монополот што го имаат предлагачите на законот, во парламентот нема услови за корегирање на текстот,  бараат да се повлечат измените на Изборниот законик.

„Демократскиот сојуз предлага процентот на потребни потписи од вкупниот број на запишани гласачи како услов за кандидирање независни листи на советници и градоначалници да биде 0,3 отсто, потоа целосно бришење на одредбите за отворени листи и прагот од 3 отсто за пласман во горниот дел на листата, платениот рекламен простор да се дели подеднакво на сите партии, а да се предвиди и време за независни листи и кандидати“, се наведува во соопштението.

Ss1

ДС предлага да не се лимитира пристапот до социјалните мрежи и интернет порталите, и целосно да се исфрлат ограничувањата за платено политичко рекламирање.

„Во предлог измените на Изборниот законик има решенија кои ќе предизвикаат конфузија на претстојните локални избори, многу неважечки ливчиња, како и целосно некредибилен изборен процес. Демократскиот сојуз смета дека не се обезбедени услови за фер, демократски и слободни избори. Со измените се фаворизираат само четирите партии (ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и Алијансата на Албанците), предлагачи на законот“, сметаат од ДС.

Ss1

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт