Утрински Весник
Економија
300x250 opst2

Демократски сојуз: Да ги помогнеме земјоделците

Демократски сојуз: Да ги помогнеме земјоделците
300x250 opst2

Демократскиот сојуз предлага Владата на дневна основа да ги следи состојбите во Украина и да презема мерки за ублажување на последиците со цел животот да се одвива нормално и да се води сметка за социјално загрозените категории граѓани.

Во оваа насока, од партијата наведуваат дека посебно е битно да се поттикне производството на стратешки производи: пченка, јачмен, репка, ориз, како и одгледување на сточен фонд.

„Цените на нафтата и гасот треба да се одржуваат во прифатливи рамки преку намалување на ДДВ и акцизите. Во овие неизвесни состојби посебно за извоз на раноградинарски производи, ги повикуваме граѓаните да ги купуваат истите со цел да се намалат штетите и опстои производството.

Војната во Украина можно е да трае подолго, поради што неопходно е државните институции да се подготват за дејствување во сложени состојби, но не смеат да се блокираат реформите, клучни за евроинтеграцијата на земјата“, се вели во соопштението.

Европската Унија треба да направи исчекор и да ги отвори преговорите за полноправно членство на Македонија во ЕУ, додаваат од Демократскиот сојуз.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДСМ во ПИОМ не оставија дупка, туку цел кратер

Филипче: Пензионерите се нови жртви на лагите на власта, 97% од нив добија само 1.000 денари

НБРМ: Граѓаните сè почесто ги избираат дигиталните канали за плаќање