Утрински Весник
Македонија

Демиркапиец тешко се повредил откако со возило излетал од патот

Демиркапиец тешко се повредил откако со возило излетал од патот

Демир Капија, 10 јуни 2020 (МИА) – Демиркапиец тешко се повредил откако синоќа со возило излетал од патот, информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

-Во  во 23:20 часот на новата обиколница во Демир Капија, во близина на крстосница со улица „Јане Сандански“, патничко возило „форд“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Г.Н.(20) од Демир Капија, излетaло од патот. Притоа, возачот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Кавадарци, појасни Додевски.

Извршен бил увид на местото на настанот. свд/вј/

Фото: МИА архива

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Собранието го изгласа Законот за средно полициско училиште

Сиљановска-Давкова прими претставници на Иницијативниот одбор за именување на големата концертна сала во Македонската филхармонија со името „Маестро Ванчо Чавдарски“

Мицкоски: Велигден нè потсетува дека токму преку сплотеноста и човечноста можеме да ги надминеме сите предизвици