Скопје, 19 јуни 2020
Образложение кон објавата во порталот mkd.mk, со наслов “Жителите на струшкото село Октиси најавуваат протести доколку “Национални шуми” не престанат со нелегалната сеча” објавенa на ден 19.06.2020г., во коja се дадени образложенијата на локалните жители за евентуална еколошка катастрофа доколку не се престане со сеча во Шумско стопанска единица”Јабланица – Кафасан”.
Во врска со овaa објавa ЈП”Национални шуми”-Скопје, информира дека се работи за легална сеча во Шумско стопанска единица ”Јабланица-Кафасан”, за кој ЈП”Национални шуми”-Скопје, ПШС”Јабланица”-Струга, постапува според Посебниот план за стопанисување со шуми и Решението од Инспектор по шумарство при Државниот инспекторат за шумарство и ловство, кое е во прилог на образложението.
Согласно ова Решение, ЈП Национални шуми, ПШС Јабланица-Струга се задолжени со записник да извршат просветлување на Шумско-камионски пат низ одделите 74а, 72а,72б,74б согласно одредбите од член 100 од Законот за шуми.
Низ гореспоменатите оддели од Шумско стопанска единица”Јабланица-Кафасан”, поминува шумско-камионски пат кој ПШС Јабланица-Струга го користи за извршување на своите активности.
Во прилог го доставуваме Решението од инспектор по шумарство кое во дописот до медиумите Образложение-демант на објавата со наслов “Масакр врз шумите на Македонија за време на полициски час” објавен на ден 08.06.2020 г. беше доставено.
ЈП Национални шуми
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.