Утрински Весник
Македонија

Делчево се подоготвува за одбележување на годишнината од смртта на револуционерот Гоце Делчев

Делчево се подоготвува за одбележување на годишнината од смртта на револуционерот Гоце Делчев

Делчево, 29 април 2020 (МИА) – Општина Делчево се подготвува за одбележувањето на 117-годишнината од смртта на револуционерот и патрон на градот, Гоце Делчев. Од општината информираат дека на самиот ден на одбележувањето 4 мај 2020 година, ќе бидат преземени актуелните препораки и мерки за заштита од болеста ковид-19.
-По тој повод, Општина Делчево ги поканува сите заинтересирани граѓани, институции, политички партии и здруженија на граѓани кои сакаат да присуствуваат на настанот пред споменикот на револуционерот Делчев во центарот на градот и да положат свежо цвеќе, и притоа тоа да го направат почитувајќи ги актуелните препораки за заштита од болеста ковид -19, односно задолжително да носат заштитни маски за лице и да држат растојание од 2 метри за време на настанот, информираа од општината.
На настанот, како што додадоа пожелно е присуство на двајца претставници од институциите, организациите и здруженијата.
Делчево годинава одбележува 70 години од преименувањето од Царево село во Делчево. Со одлука на Президиумот на Народното собрание на 23 април 1950 градот го добива името на великанот Гоце Делчев. вс/ев/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Таравари: Има информации за мала концентрација формалдехид во салите, но, официјално сѐ уште немаме ништо добиено

Затвореник од Идризово излегол на викенд и се обидел да ограби спортска обложувачница во Центар

Митева: Лотарија на две фирми, едната од Струмица, другата од Скопје незаконски им доделила лиценци за игри на среќа