Утрински Весник
Свет

Делта сојот потврден во Косово

Делта сојот потврден во Косово

На Косово се регистрирани двајца заболени со делта сојот на коронавирусот, објави денеска косовското Министерство за здравство.

„Од вкупно 22 позитивни примероци испратени до Институтот за вирусологија на Универзитетската клиника ‘Шарит’ во Берлин, варијантата делта на САРС-КоВ-2 беше идентификувана во два примерока“, соопшти Министерството.

Двајцата заболени имале симптоми, но веќе оздравеле.

Варијантата делта првпат е откриена во Индија во декември 2020 година, а денес е една од највознемирувачките варијанти во светот. Истражувањата покажуваат дека ова е можеби најбрзо распространетата варијанта и позаразна од британскиот сој.

Можете да прочитате

Најмалку едно лице загина, петмина се повредени во рускиот напад врз Киев

Израел нападна болница во Газа, хирург меѓу загинатите

Украинците погодија моќен руски воен брод