Утрински Весник
Македонија

Девојка од Гостивар, без нејзина согласност, била омажена и силувана

Девојка од Гостивар, без нејзина согласност, била омажена и силувана

Без нејзина согласнот, 19-годишна девојка од Гостивар била предадена за брак во Шуто Оризари по што била силувана.

Според твдењето на девојката во полицијата, зад присилниот брак стоел татко ѝ, кој ја омажил за Р. М. (26) од Шуто Оризари. Таму неколку дена била чувана затворена од нивна страна и врз неа била извршена обљуба, соопшти МВР.

Од полицијата пријавија дека за настанот се приведени две лица. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Можете да прочитате

Куќа изгорела во близина на Пробиштип

Неисправен лифт во зграда тешко повреди тригодишно девојче во Радишани

Македонија ја губи младоста: 200 паралелки помалку во основно и 100 паралелки помалку во средно образование