Утрински Весник
Македонија

Две лица го прекршиле полицискиот час во Тетовско

Во тетовско пет лица не го почитувале полицискиот час

Тетово, 18 април 2020 (МИА) – Две лица го прекршиле полицискиот час на тетовското подрачје во текот на ограниченото движење од 7 часот вчера изутрина до истиот термин денеска, информираат од СВР Тетово.  Според законските прописи по член 206 од Кривичниот законик и двајцата ќе добијат пријава за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

– Ги потсетуваме граѓаните да останат дома со оглед дека СВР Тетово продолжува со 24 часовно следење и практична имплементација на одлуките за ограничено движење познати како полициски час со мото патроли и на другите начини, истакна Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Полицијата нема утврдено прекршувања кај 195 лица кои потпишале изјави со кои се обврзале на самоизолација, како и кај 328 луѓе кои имаат решенија од Државен здравствен и санитарен инспекторат. ас/цр

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Нова динамика во реформите со ЕУ како стратешки партнер

Работник тешко повреден при пад од зграда во Куманово

Серафимовски ги посети земјоделците погодени од невремето во струмичкиот регион