Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Две лица во Австралија примиле вакцина на „Фајзер“ во поголема доза отколку што е пропишано

Две лица во Австралија примиле вакцина на „Фајзер“ во поголема доза отколку што е пропишано
Img 7972

Две постари лица примија пoголема доза вакцина на „Фајзер“ отколку што е пропишаната, изјави австралискиот министер за здравство Грег Хант.

88-годишен маж и 94-годишна жена се под лекарски надзор, а лекарот што ја извршил вакцинацијата е отстранет од програмата за вакцинација, рече Хант, пренесе АП.

Грешката се случи во домот за стари лица Холи Спирит во предградието на Бризбејн, Карселдејн, еден ден откако започна вакцинацијата во Австралија, додаде тој.

„Двајцата пациенти се под надзор и не покажуваат знаци на несакани ефекти“, истакна Хант.

Тој не рече колку вакцини им биле дадени повеќе од пропишаната доза.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ИДФ се подготвуваат за повлекување на трупите од Газа

Израел и Хамас се договорија за првата фаза од мировниот план на Трамп за Газа

Откриена е заборавената насловна страница на „Плејбој“ од 1990 година со Доналд Трамп