Утрински Весник
Свет

Две загинати лица во погодената зграда во Киев, шест се тешко повредени

Две загинати лица во погодената зграда во Киев, шест се тешко повредени

Украинските власти потврдија дека две лица загинаа, а шест се тешко повредени откако ракета погоди зграда во Киев чиј лик денеска го обиколи светот.

Станбена зграда во близина на друг аеродром во Киев рано утринава била погодена од проектил или ракета, а сликите од местото на настанот покажуваат голем удар на горните катови на облакодери, објавија светските медиуми. Русите тврдат дека тие не ја погодиле зградата, туку дека била крената во воздух со проектил за противвоздушна одбрана.

Надворешните ѕидови на неколку ката беа целосно кренати во воздух, а сликата на Твитер ја објави Дмитро Кулеба, министер за надворешни работи на Украина.

„Нашиот мирен град, преживеа уште една ноќ под нападите на руските ракети. Еден од нив удрил во станбена зграда во Киев. Барам од светот целосно да ја изолира Русија, да протера амбасадори, да воведе ембарго на гасот. Да им ја уништи економијата. Стоп за руските воени злосторници“,  напиша тој.

 

Можете да прочитате

Британија лансираше монети во чест на бендот „Ајрон Мејден“

Трамп: Царините ќе важат од 1 август, продолжување нема

Макрон: Европа никогаш нема да ја напушти Украина