Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Две дози вакцина во Македонија примиле над 150.000 граѓани

Во Македонија досега се вакцинирани повеќе од 76.000 луѓе
Img 7972

Две дози вакцина против коронавирус во Македонија примиле 159.898 граѓани, соопшти Министерството за здравство.

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 250.813 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.455 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 10.556 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 410.711 дози вакцини, а ревакцинирани се 159.898 граѓани.

Од Министерството велат дека 48 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 42 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 35 % од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Од МЗ наведуваат дека интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб – платформата vakcinacija.mk е 444.898 граѓани.

Можете да прочитате

Приведени две Италијанки на Табановце, носеле 186 семки канабис и марихуана

Приведени двајца криумчари од Скопје – превезувале мигрант од Турција

Левица ја води правната битка против АВМУ: „Сите се прогласуваат за ненадлежни, но правдата ќе ја бараме во Стразбур“