Утрински Весник
Магазин

Двејн Џонсон се кандидира за претседател во новата ТВ-серија на „Ен-би-си“

Двејн Џонсон се кандидира за претседател во новата ТВ-серија на „Ен-би-си“

Во вторникот вечерта премиерно беше прикажан американски ситком базиран на животот на поранешниот професионален борач а сега омилен холивудски актер Двејн Џонсон.

Комедијата на „Ен-би-си“, Young Rock, го пренесува гледачот низ четири различни временски периоди од животот на 48-годишниот Двејн, од детството, до тинејџерските години, како млад и возрасен во 2032 година, кога се кандидира за претседател.

„Јанг рок“, насловен по неговиот прекар кога бил борач, поаѓа од претпоставка дека Двејн се кандидира за претседател на САД во 2032 година и дека дава интервју за својот живот. Актерот и продуцент јавно кокетираше со идејата да се кандидира за Белата куќа, последен пат во 2019 година, кога рече дека не е вистинското време.

Двејн (48), во серијата ќе го глумат тројца актери на различна возраст во секвенци во кои ќе биде прикажано и неговото детство кое го помина на Хаваите, како син на борачот Роки Џонсон.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Денови на детска кариера во Diamond Mall – архитект, инженер, уметник, форензичар, пчелар, лекар и флорист – професиите на возрасните поблиску до децата

НАСА: Мексико Сити тоне – 24info.mk

Човечкиот мозок ги обработува емотиконите слично како реалните лица