Утрински Весник
Свет

Два реактори во нуклеарната централа Запорожје се исклучена од мрежата

Последните два активни реактори во украинската нуклеарна централа Запорожје, окупирана од Русија, беа затворени денеска откако пожар во близина ги оштети надземните далноводи, соопшти украинската државна енергетска компанија „Енергоатом“.

dobivaj vesti na viber

Пожарот избувнал во пепелниците на термоцентралата на јаглен во близина на нуклеарната централа Запорожје, најголемата во Европа. Пожарот, според информациите, ги оштетил линиите што ја поврзувале нуклеарната централа со украинската електрична мрежа, соопшти „Енергоатом“.

„Резултатот е дека последните две активни единици се исклучени од мрежата“ – додаваат од компанијата.

Оттаму нагласуваат дека безбедносните системи на нуклеарната централа функционираат нормално и дека се работи на приклучување на еден реактор назад во мрежата.

Москва и Киев со недели меѓусебно се обвинуваат за неколку бомбашки напади во близина на нуклеарната централа, која има шест реактори со вкупен капацитет од 6.000 мегавати и која од март е окупирана од руски војници.

Украина ја обвинува Русија дека складира тешко оружје во електраната, користејќи ја како база за напади врз украинските позиции.

Москва, од своја страна, негира дека поставила оружје во фабриката и тврди дека таму има само единици за одржување на безбедноста.

Русија, пак, ги обвинува украинските сили дека извршиле напади со беспилотни летала врз таа нуклеарна централа.

ОН повикаа на формирање на демилитаризирана зона околу електраната за да се гарантира безбедноста на локацијата и да се овозможи инспекциска мисија.

Можете да прочитате

Мал авион се урна на аеродромот во Лондон Саутенд, бројот на патници е непознат

Уште шест лица повредени во трката со бикови во Памплона

Киев: Соборени 40 од 60 дронови со кои Русија ја нападна Украина