Утрински Весник
Македонија

Даштевски: Одзивот до 9 часот е 5,25 отсто, поголем од првиот круг

Даштевски: Одзивот до 9 часот е 5,25 отсто, поголем од првиот круг

Одѕивот до 9 часот е 5,25 отсто, а на гласање излегле 56.700 гласачи. Претседателот на државната изборна комисија Александар Даштевски утрово соопшти дека сите гласачки места се отворени навреме и гласањето тече.

„Технички проблеми имаше во Карпош, на две избирачки места во Сарај, во Македонски Брод. Надминати се проблемите, се однесувале на мемориските картички и тие се заменети. Онаму каде што прекинот на гласањето бил подолг од еден час, гласањето ќе продолжи“, рече претседателот Даштевски.

Во Ранковце одѕивот до 9 часот е 15, 23 отсто, во Конче 14, 28 отсто, во Пехчево 13,73 отсто, Лозово 11,89 отсто се дел од општините со поголем одѕив.

Се гласа на 2481 избирачко место во 44 општини и во Градот Скопје како посебна единица на локалната самоуправа, а во Дебар и во Шуто Оризари се повторува првиот круг.

Активна е бесплатната линија 0800 555 44 , а граѓаните со оштетен слух и говор на 076/ 488 – 360 преку видео повик можат да постават прашање до ДИК и да добијат одговор на знаковен јазик.

Можете да прочитате

Силјановска-Давкова од Анкара: Македонскиот јазик мора да се негува и пренесува на идните генерации

Извештајот за спорните операции на срце стигнал до Владата, но останува под превезот на тајност вели Клековски

До 20 часот изгаснати 12 пожари, продолжува борбата со огнот кај Кичево и Битола