Утрински Весник
Политички Партии

Дафина Стојаноска: Подготвени сме за најголемата изборна победа

Дафина Стојаноска: Подготвени сме за најголемата изборна победа

 

Гостивар, 24 јуни 2020 (МИА) – Дафина Стојаноска носител на листата на коалицијата Обнова на Македонија од регионалниот партиски штаб на ВМРО ДПМНЕ во Гостивар порача дека во кампањата главен императив ќе биде здравјето на граѓаните и дека ќе ја постигнат најголемата изборна победа.

– На 15 јули токму од овој Регионален изборен штаб ќе се соопштат идните пратеници од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата за Обнова на Македонија од Гостивар, Тетово, Брвеница и Теарце. Токму тие пратеници вечерва се обрзуваат на работа и посветеност исклучиво кон Македонија и нејзините граѓани. Ни претстојат изборна кампања и избори, многу поразлични од сите претходни, пред сé заради корона вирусот. Подготвени сме, почитувајќи ги сите протоколи и имајќи го како најголем императив здравјето на секој еден од нас, да се избориме и да стигнеме до најголемата изборна победа до сега заедно за ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата. Нашата предност е што сме различни од СДСМ, рече Стојаноска во првото обраќање од кампањата.

Носителката на листата на коалицијата Обнова на Македонија синоќа имаше состанок со претседателите на шестте општински комитети во ИЕ 6 и другите партиски структури. По разгледување на состојбата, констатирале дека нивниот тим е подготвен да ја спроведе кампањата на терен следните 19 дена.згм/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт