Утрински Весник
Економија

Бараа 10, но се согласија на 8% зголемување на платите, УПОЗ и Владата си подадоа рака

Trpe Deanoski Upoz.jpg

По денешната средба во Владата, гранковиот синдикат УПОЗ соопшти дека ја прифаќа владината формула за зголемување на платите во администрацијата и правосудството.

Зголемувањето, според изјавите по средбата, ќе се реализира во три рати од по 8% годишно (наместо 10% како синдикално барање), а исплатата треба да почне од март, со услов претходно да поминат внатрешните процедури и да се потпишат колективни договори по институции.

Претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски, изјави дека Владата го прифатила синдикалното барање „не во целост“, но како суштински исчекор го посочи прифаќањето да се исплаќаат и додатоците на плата.

„За жал, не по 10 проценти, но не ги добивме минатата година. Меѓутоа сега Владата прифаќа да ги исплаќа од сега заедно со почеток од март, на начин на што сите институции во државна управа и правосудство, значи судови, обвинителства, ќе треба да потпишат поединечни колективни договори за да го добијат ова право“, рече Деаноски.

Можете да прочитате

Куќа во Карпош продадена за 1,5 милиони евра, стан од 50 м2 во Центар за 168 0000 евра

Серафимовски: Откупот тече непречено, над 54 милиони килограми грозје веќе се во домашните винарии и на странските пазари 

Основната каматна стапка е непроменета – високата неизвесност и натаму е присутна, велат од НБРМ