Утрински Весник
Македонија

Возел пијан на автопат па полицијата му го одзела возилото

Policija 1.jpg

На 04.02.2026 во 20:20 часот на автопатот Тетово-Велес, кај клучка Кадино, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода В.Ѓ.(44) од с.Кадино, скопско.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници запреле патничко возило „опел” со скопски регистарски ознаки, кое го управувал В.Ѓ. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,77 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, а возилото е одземено за понатамошна постапка.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.

Можете да прочитате

Разоткриена шема на измами со лажни сообраќајки во битолско „собрани“ над 60.000 евра

Николоски во работна посета во Вашингтон, обраќање во Светска банка и високи средби во Стејт Департментот 

Вечерва земјотрес почувствуван во западна Македонија, епицентарот во Грција