Утрински Весник
Македонија

Дарко Костовски прогласи победа во прв круг во Бутел

Дарко Костовски прогласи победа во прв круг во Бутел

Дарко Костовски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Бутел, прогласи победа во првиот круг од локалните избори.

„Бутел е одбранет! Победа во прв круг! Ви Благодарам од срце горди мои бутелчани“, напиша Костовски на социјалните мрежи.

Според резултатите објавени на веб-страната на Државната изборна комисија, од досега преброените гласови Костовски освоил 59,36 проценти од гласавите, наспроти кандидатот од СДСМ, Велимир Смилевски со 35,34 отсто.

Можете да прочитате

МВР го утврди лицето кое упатило закани кон Ландов – ќе следува соодветен поднесок

Стојаноски: Ќе ја поддржиме иницијативата на Пратеничката група на СДСМ за вонредна седница поврзана со семејното насилство

Пет жени убиени секој час од страна на партнер или близок роднина во 2025 година