Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Данска ја победи Шпанија – Против Франција ќе го брани олимпиското злато

Данска ја победи Шпанија – Против Франција ќе го брани олимпиското злато
Img 7972

Актуелниот светски и олимписки шампион, Данска, го совлада актуелниот европски првак, Шпанија со 27:23 (14:10), за место во финалето на олимпискиот турнир во Токио. Финалето во Токио, на ракометниот турнир, ќе биде реприза од мечот за златото во Рио Де Жениро, противник на Данска ќе и биде Франција.

Никлас Ландин со 14 одбрани и Микел Хансен со 10 голови ја предводеа Данска. Јунак кај Данците е и Менсах-Ларсен, кој два од четири гола постигна во моментите кога Шпанија се доближи на гол негатива.

Душебаев и Фигерас со пет голови беа најефикасни во редовите на Шпанија, во чии редови најдобар беше голманот Де Варгас со 13 интервенции.

Финалниот натпревар на ракометниот турнир ќе се одигра на 7.август.

> Данска ја победи Шпанија – Против Франција ќе го брани олимпиското злато <

Можете да прочитате

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг