Утрински Весник
Свет

Данска убива милион визони поради коронавирусот

Данска убива милион визони поради коронавирусот
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Данската влада соопшти дека планира да убие до милион визони, роднини на видра и куна одгледувани на фарми заради крзното, за да спречи понатамошно ширење на коронавирусот.

Владата е загрижена за пренесувањето на вирусот од тоа животно на луѓе по два такви случаи во Холандија на почетокот на оваа година.

Отстрелот ќе опфати 41 фарма за крзно во западна Данска, каде што е откриен вирусот кај животните, како и 21 фарма за крзно за кои постои сомневање дека се заразени.

„Мојот главен фокус е да осигурам фармите со визон во северниот дел на Јутланд да не станат ризик од инфекција за луѓето, па владата одлучи да ги уништи“, рече министерот за храна и риболов Могенс Јенсен.

Потегот беше потребен и покрај низата мерки на претпазливост, соопшти владата. Се разговараше за надоместокот на погодените одгледувачи, пренесува ДПА.

Таге Педерсен, шеф на данската асоцијација на одгледувачи на визони, ја прифати одлуката на владата, велејќи дека здравјето на луѓето мора да биде приоритет.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп: Среќен Божиќ на сите, вклучително и на радикално левичарскиот олош

ФБИ нашле еден милион нови документи за Епштајн

Франција го гради најголемиот воен брод во Европа