Утрински Весник
Свет

Данска и Словачка за Божик ги затвораат трговските центри

Данска и Словачка за Божик ги затвораат трговските центри
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Данците и Словаците ќе ги затворат трговските центри и продавниците за Божик, за да спречат ширење на коронавирус.

Данската влада ќе го стори тоа од утре, а другите продавници ќе бидат затворени од Божиќ па натаму, објави весникот „Екстра Бладет“.

Супермаркетите и другите продавници за храна ќе останат отворени, објави Ројтерс.

Словачка, пак, ќе го ограничи движењето на луѓето од сабота наутро до 10 јануари, освен во неизбежни ситуации, за работа и престој во природа. Повеќето продавници исто така ќе се затворат.

„ Ситуацијата е посериозна од кога било“, предупреди министерот за здравство Марек Крајчи. Владата ги покани семејствата да се дружат со само уште едно семејство за време на празниците.

Според Европскиот центар за контрола и превенција на болести, Данска има 523 заразени лица на 100.000 жители во последните две недели, а Словачка 500.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Сопственикот на TикТок во Кина ја предава мнозинската контрола врз апликацијата на американски инвеститори

Најмалку тројца загинати при нападот во Тајпеј

Гладот ​​во Газа моментално спречен, но ситуацијата е критична