Утрински Весник
Свет

Гутереш: Да го елиминираме нуклеарното оружје пред тоа да не елиминира нас

300x250 (7)

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш повика на нуклеарно разоружување на почетокот на тридневната конференција во Виена, на која присуствуваа околу 80 земји кои потпишаа меѓународен договор за забрана на нуклеарното оружје.

„ Да го елиминираме тоа оружје пред да не елиминира нас“, рече Гутереш на конференција преку видео врска.

Ss1

Сегашниот глобален нуклеарен арсенал од околу 13.000 нуклеарни боеви глави е рецепт за можно уништување на планетата, со оглед на светот на конфликти и недоверба, рече лидерот на ОН.

Претседателот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, Петер Маурер го опиша Договорот за забрана на нуклеарното оружје (TPNW) како пресвртница. Договорот, кој стапи на сила во јануари 2021 година, ги обврзува земјите да не се занимаваат со никакви активности поврзани со нуклеарно оружје и повикува да се земат предвид хуманитарните последици.

Австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг ја истакна итноста за целосно нуклеарно разоружување. Австрија беше еден од иницијаторите на договорот, кој досега е потпишан од 86 земји и ратификуван од 65. Целта е да го прошири Договорот за неширење нуклеарно оружје (НПТ), кој стапи на сила во 1970 година.

Има девет земји кои поседуваат нуклеарно оружје. Овие земји, заедно со НАТО, не се членки на TPNW. Тоа се Кина, Франција, Индија, Израел, Северна Кореја, Пакистан, Русија, САД и Велика Британија.

Ss1

Можете да прочитате

Протест на илјадници староседелци против бразилската Влада

Хаос на факултетите ширум Америка: апсењата на студенти продолжуваат поради антиизраелските протести

Одреден притвор за украинскиот министер за земјоделство Микола Солски