Утрински Весник
Свет

Грчки град меѓу најбезбедните дестинации за семеен одмор во светот

Грчкиот град Ираклион од Крит е меѓу најбезбедните дестинации за семеен одмор во светот, се вели во извештајот на американската онлајн платформа за патувања „Водич за семеен одмор“ („The Family Vacation Guide“).

За да ги одреди најбезбедните дестинации во светот за посета со деца, платформата за патувања анализираше голем број критериуми како што се општа безбедност, семејно сместување, ресторани погодни за деца и семејни активности достапни на голем број популарни дестинации.

На прво место е Цирих (Швајцарија) со 7,81, додека Ираклион со 7,45 од 10, го зазеде второто место на листата.

Ираклион е четврти на листата според индексот на криминал, додека со годишна температура од 19 Целзиусови степени се смета за идеална дестинација за семејствата, што дава многу можности за уживање на одмор.

Во првите десет се и Копенхаген, Виена, Лисабон, Мадрид, Бисел, Дубаи, Рим, Ванкувер и Франкфурт.

Ираклион е исто така меѓу првите три дестинации за одмор со најдобри активности за семејството, заедно со Патаја (Тајланд) и Орландо (Флорида, САД).

Со цел да се види кои се најдобрите дестинации според овој критериум, „Водичот за семеен одмор“ го сумираше процентот на знаменитости приспособени за деца, активности на отворено и забавни активности и го пресмета просекот за секој од градовите.

Можете да прочитате

Унгарија го поддржува мировниот план на Кина за Украина

Нетанјаху: Ќе се бориме со нокти ако треба

Првата пратка помош до пловечкото пристаниште во близина на Газа го напушти Кипар