Утрински Весник
Свет

Грчките власти се заканија: Ќе бидеме безмилосни кон оние кои фалсификуваат сертификати

Грчките власти се заканија: Ќе бидеме безмилосни кон оние кои фалсификуваат сертификати

Грчкото Министерство за здравство денеска изјави дека ќе биде безмилосно кон оние што користат лажни ковид-сертификати и оние што ги издаваат.

Според заменик-министерката за здравство, Мина Гага, ова особено се однесува на вработените во здравствениот систем.

„Лажните сертификати се проблем што многу ни пречи. Засега ги има малку, па може да се провери“, рече Гага и предупреди дека во случај на измама ќе бидат преземени сите законски мерки, пренесе „Катимарини“.

Таа прецизира дека се издадени наредби за испитување на сите случаи, особено откако стапил на сила законот за задолжителна вакцинација на здравствените работници.

Проблемот со лажни потврди се најде во центарот на вниманието на почетокот на месецов кога беше откриено дека вработен во центар за вакцинација во градот Кардица се пријавил на платформата на таа институција користејќи лозинка од доктор и издал 44 лажни сертификати.

Оттогаш, такви случаи се повторуваат секојдневно, а неколку медицински работници веќе се суспендирани.

Можете да прочитате

Цените на европскиот гас нагло пораснаа на највисоко ниво од 2022 година

Калас: Русија сакаше да ја исплаши Европа со нападот на возот во близина на полската граница

Израелскиот министер за култура се закани дека ќе им го одземе државјанството на режисерите на филмот „НАЗА“ за Газа