Утрински Весник
Македонија

Грци тешко повредени откако со возило излетале од скопската обиколница

Вчера во 06.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Северна обиколница на град Скопје, кај надвозник за с.Смилковци, патничко возило „нисан кашкаи“ со грчка национална ознака, управувано од И.Н.(64) од Република Грција, изгубило контрола и излетало од патот.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот И.Н. и сопатничката М.К.(64) од Република Грција, на кои им била укажаната лекарска помош во Градската општа болница „8 Септември“.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Можете да прочитате

Маж натепан и ограбен од жена во струшко село

СДСМ: На кого Мицкоски му ги поклонува водата, земјата и струјата за дата центри?

АА: Зошто се молчи за децата примени во тетовската болница?