Утрински Весник
Свет

Грција и нуди помош за Турција по земјотресот

Грција и нуди помош за Турција по земјотресот

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека на пет лица повредени во земјотресот им била извршена операција, а осуммина се на интензивна нега. Ердоган додаде дека телефонски разговарал со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, додавајќи дека грчката влада е подготвена да испрати помош за Турција.

Земјотрес со јачина од 7 степени го погоди Егејското Море јужно од градот Измир на западниот брег на Турција.Земјотресот се почувствувал сè до Истанбул. Досега е потврдено дека загинале 14 лица, а повеќе од 400 се повредени. Двајца тинејџери загинале во Грција, когаа врз нив се срушил ѕид кога се враќале од училиште.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

САД го нападнаа Иран, Иранците возвратија

Израел ги прогласи либанските територии јужно од реката Захрани за воена зона

Трамп: Ниту една држава нема да ја контролира Ормуска Теснина