Утрински Весник
Култура

Групната изложба „Проект 4“ во Културно-информативниот центар

300x250 (7)

Утре со почеток во 20 часот во Културно-информативниот центар, Салон Империјал 1 и 2 се очекува отворањето на групната изложба насловена „Проект 4“ од ликовните уметници од Србија Татјана Армуш, Данијела Тасиќ Цветковиќ, Мила Алексиќ и Татјана Димитријевиќ.

„Проектот 4 не постои. Просторот во кој е родена идеjата, поставката на Проектот 4, во еден момент поседуваше димензии во рамките на кои се наоѓаше сè, воедно и временската димензија во која, надвор од сето тоа, ништо не постои“, соопшти организаторот.

300x250 (7)

Со оваа поставка во новиот простор, со димензија на времето кое во себе ги содржи сите потенциални енергии за реализација на скоковите, преку и покрај наметнатите пониски енергетски битствувања, Проектот 4 не постои како фиксна, непроменлива детерминанта, туку го започнува својот пат на излез од зададените ни форми.

Татјана Армуш

Родена 1986 година во Сомбор (Србија) каде завршува основно училиште и срадна школа. Дипломирала 2009. година на Факултетот на уметности во Приштина (со седиште во Звечани) на смерот Ликовна графика во класата на професорот Зоран Јовановиќ – Добротина. Реализирала три самостојни изложби и излагала на повеќе колективни во Сомбор, Нови Сад, Белград, Косовска Митровица и Грачаница.

Данијела Тасиќ Цветковиќ

Родена 1974 година во Оџаци. Завршила Гимназија „Вељко Петровиќ“ во Сомбор. После завршувањето на ВШЛИПУ во Белград, запишува Факултет за ликовна уметност, одсек сликарство. Дипломирала 2003 година, а магистрирала 2007 на истиот факултет во класата на професорот Јован Сивачки. Член е на УЛУС од 2003 Добитничка е на неколку награди за сликарство во текот на студиите и награда на Сомборскиот Ликовен салон 2017 година. Често учествувала на групни изложби, а излага и самостојно.

Мила Алексиќ

Живее и работи во Сомбор, учествувала на повеќе заеднички изложби и реализирала една самостојна. Се бави со самоистражување низ концептот на монохромни инсталации и записи.

Татјана Димитријевиќ

Родена 1965 година во Сомбор, Србија. Дипломирала 1988 на Академијата на ликовна уметност во Нови Сад, на одескот за сликарство, во класата на професорот Душан Тодоровиќ. Излагала самостојно и на бројни колективни изложби во земјата и странство (Италија, Норвешка, Француска, Швајцарија), учествувала и на повеќе собири на ликовни колонии. Од 2009 до 2018 година ја реализирала Street art акцијата на плоштадот Св. Тројство во Сомбор.

Изложбата ќе биде отворена до 23.07. 2022 година.

Ss1

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“