Утрински Весник
Македонија

Груби: Струга е пример дека и Албанец може да се грижи за доброто на сите во општината

Груби: Струга е пример дека и Албанец може да се грижи за доброто на сите во општината

Првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби денес во Струга учествуваше на панел-дискусијата на тема: „по Охридскиот договор“.

„Патувајќи наваму читав, окулу донесувањето на Законот за територијална поделба, тогаш речиси 20.000 граѓани излегоа на улиците во Скопје на протест против Законот за територијална поделба, додека околу 2.000 протестираа пред седиштето на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија каде се наоѓаше тогашниот министер за одбрана, Владо Бучковски, против новата територијална поделба на градот Струга, вклучувајќи ги и околните рурални општини. Така што за прв пат Албанците управуват со општина Струга. Од оваа перспектива од која можеме да осудиме со временска разлика од 15 години од изборите, 16 години од територијалната поделба и 20 години од Охридскиот договор, ништо не се случи со Струга, ниту Струга отиде во Албанија, ниту Струга се спои со некоја друга општина, туку напротив се покажа дека Албанец во општина со мнозинство Албанци, многу добро може да управува со општината и да биде градоначалник и за Албанците и за Македонците, и Турците и Ромите, за сите заедници што живеат овде”, истакна Груби.

Можете да прочитате

Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание

ВЛЕН: Груби си го бара пасошот за 335 илјади евра, народот си ги бара децата

ЛДП: Се потврди нашето — буџетот немилосрдно се испумпува! Сега скратете ги и измислените функции, непотребните заменици и преплатените управни одбори!