Утрински Весник
Македонија

Груби: И помалите заедници имаат придобивки од Охридскиот рамковен договор

Груби: И помалите заедници имаат придобивки од Охридскиот рамковен договор

Во рамките на одбележувањето на 20-годишнината од Охридскиот рамковен договор, првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби учествуваше на Тркалезната маса на тема: „Важноста на Охридскиот договор за помалубројните заедници“, во организација на Агенцијата за Остварување
на правата на заедниците во соработка со Министерството за политички систем и односи помеѓу заедниците.

Во својот говор, Груби рече дека нашето општество во претходната пракса ги прифати добрите меѓуетнички односи и денес може да се каже дека тоа е основата на заедничкиот успех.

„Охридскиот рамковен договор донесе нови можности за сите заедници, донесе можности за сите нас еднакво да се вклучиме во развојот на државата. Сигурно е дека одржлив развој не е возможен доколку некој се остави на маргините на општеството. Тука не зборувам само за етнички заедници, туку заедници од сите заинтересирани групи. Благодарение на Охридксиот договор, денес, покрај македонскиот и албанскиот јазик, имаме општини каде официјален јазик е и ромскиот, турскиот, босанскиот, српскиот и припадниците на овие заедници веќе се интегрирани во сите сфери на општеството, иако не во посакуваниот и во потребниот број“, рече Груби.

Според него, фазата на затворање на нормативниот дел е достигната и соработката не треба да недостасува и во спроведувањето на практичниот дел од Охридскиот договор.

„Добрите практики утврдени со Охридскиот мировен договор, добрите меѓуетнички односи, социјалната кохезија, недискриминацијата и толеранцијата преку постојано негување треба да бидат појдовна точка за секој последователен процес во општеството, бидејќи заедно ја поминавме фазата на измена на Уставот, измената и донесувањето на закони за имплементација на Рамковниот договор и ја достигнавме фазата каде што се завршува неговиот нормативен дел, апелирам да не недостасува вашата дополнителна соработка и кохерентност и заедно да работиме на имплементација на практичниот дел од Охридскиот договор, бидејќи секој од нас е дел од тој заеднички мозаик на едно еднакво општество за сите“, додаде тој.

Можете да прочитате

„Не доаѓаме за починати“ потресно сведоштво на Ванковска за нечовечноста во системот

Во Ѓорче Петров одбележани дваесет и четири години од загинувањето на бранителите кај месноста Љуботенски бачила

Дваесет и четири години од загинувањето на бранителите кај месноста Љуботенски бачила