Утрински Весник
Македонија

Груби: ДУИ дава целосна поддршка на законите за ЈО, односите со СДСМ не се нарушени

Груби: ДУИ е за избори, очекува апсолутна победа

Скопје, 14 февруари 2020 (МИА) Ставот на ДУИ е целосна апсолутна недвосмислена  поддршка на законот за јавно обвинителство, за совет за јавно обвинителство, за одбрана, за АВМУ, за игрите на страќа, на законот за ветинг  и сите други закони кои што се во процедура, вклучено и консензулано срочениот текст на Изборниот законик. ДУИ очекува изборите да се одржат на 12 април и Собранието да се распушти до недела со усвоени закони, рече денеска на прес-конференција во Собранието координаторот на пратеничката група на ДУИ Артан Груби.

Затоа, како што рече, апелира до останатите парламентарни партии законите да се донесат ако може уште денес за да може што поскоро да се распуштиме и да пристапиме кон организирање избори. Секое одлагање, секоја несигурност не е добра ниту за граѓаните, ниту за политичката ситуација, а уште помлаку за економската ситуација во земјата, истакна Груби.

Прашан што доколку не се донесат законите тој посочи дека изборите беа консензуално договорени кај претседателот и тогаш бил договорен само датумот за одржување на изборите, а не и за распуштање на Собранието, кој пак е утврден согласно регулативата.

Уверен е, како што вели, дека Собранието има капацитет да работи деноноќно до 16 февруари и да ги донесе сите закони кои се очекуваат, како и одлуката околу барањето за владиниот кабинетот.

На прашањето дали има проблем во коалицијата ДУИ – СДСМ, Груби рече дека нема никакви разлики, а вчерашното кочењето на собраниската седница било поради некоординираност на пратеничките групи.

-ДУИ апсолутно го поддржува законот за ЈО и законот за Советот на ЈО, апсолутно, недвосмислено цела пратеничка група почнувајќи од лидерот Али Ахмети се до последниот, рече Груби и нагласи дека ДУИ не го условува со ниту еден закон, процедура или прашање донесувањето на законот за ЈО. Нека го стават на гласање, потенцираше.

За наводно формирање ново парламентарно мнозинство, Груби рече дека ДУИ се гледа во позиција на определувачки фактор сега, утре и во иднина.

– Какви било опции кој и да ги разгледува се нивно легитимно право. Ние знаеме дека сега сме определувачки фактор и оти на 13 април ќе бидеме апсолутен определувачки фактор како и во декември 2016 година, за формирање Влада,.. наведе Груби.

Во однос на тоа дали разрешувањето на Мизрахи може да го компромитира одложувањето на распуштањето на Парламентот, тој кажа дека за ДУИ црвени линии се почитување на законот за двојазичноста, Охридксиот договор  и на Преспанскиот договор и не може да поднесе нивно непочитување. Затоа, истакнува, ДУИ ќе поддржи разрешување на министреката Мизрахи поради непочитување на двојазичноста и на Преспанскиот договор

За измените на Изборниот законик кажа дека веќе е усогласен текстот на законот. За неколку минути, дополни, ќе биде пуштен во собраниска процедура, потпишан е од координаторите на парламентарните групи, а се однесува на усвојување на препораките на ОБСЕ/ОДИХР како и за прекројување на шестата изборна единица каде Дебар и Маврово – Ростуше се префлаат во петата изборна единица заради нивно нивелирање. вг/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Приведено и трето лице за убиството на докоторот пред поликлиниката во Железара

Тројца полициски службеници за несовесно работење во службата заработија кривични пријави 

Кривична пријава заработи лице кое заградило државно замјиште кај Бит Пазар и си наплаќал „арач“