Утрински Весник
Македонија

Грковска – Гир: Континуирана е поддршката на ЕУ за унапредување на реформите за добро владеење

Грковска – Гир: Континуирана е поддршката на ЕУ за унапредување на реформите за добро владеење

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики на добро владеење, Славица Грковска денеска во својот кабинет го прими амбасадорот и шеф на Делегацијата на Европската Унија во нашата земја, Дејвид Гир.

Евроамбасадорот Гир честитајќи ѝ го мандатот на вицепремиерката ѝ посака успешна работа, истакнувајќи дека поддршката на ЕУ за исполнување на условите за почеток на преговорите и унапредување на реформите интензивно продолжува.

Вицепремиерката Грковска изрази задоволство од досегашната соработка со институциите на Унијата и го запозна амбасадорот Гир со активностите и плановите за интензивирање на реформите преку креирањето на политики за добро владеење, кои овозможуваат непречено функционирање на надлежните институции, со фокус на обезбедување ефикасна борба со корупцијата и изнаоѓање вистински решенија за детектирани системски слабости.

На средбата се разменија мислења и за важноста на унапредувањето на основите за дигитализацијата на процесите и овозможувањето на ефикасно, транспарентно функционирање на институциите и беше потврдена подготвеноста за продолжување на поддршката и соработката во овие области.

Соговорниците ја нагласија подготвеноста за размена на искуства и соработка и за квалитетно спроведување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025 и беше истакната потребата и значењето на добрата соработка и партнерство на институциите во насока на обезбедување ефикасно и непристрасно следење на примената на Кодексот за етичко однесување за носителите на јавни функции.

Можете да прочитате

Попладнево итно опериран Стевчо Јакимовски

Полицијата уапси три лица по пожар во Чаир, запален багер во отпад

Уапсена кичевчанка: Во алкохолизирана состојба ја нападнала малолетната ќерка