Утрински Весник
Свет

Грета Тунберг јавно го поддржа Бајден во трката за претседател на САД

Грета Тунберг јавно го поддржа Бајден во трката за претседател на САД

Грета Тунберг го поддржа демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден и ги повика сите гласачи во САД да излезат на претседателските избори.

Тунберг на Твитер напиша дека не се занимава со партиска политика, но дека „претстојните американски избори се над тоа“, пренесува Ројтерс.

Активистката рекла дека од перспектива на заштита на животната средина тоа е многу далеку од доволно и дека знае дека многумина ќе поддржат други кандидати, но дека таа апелира да се гласа за Бајден.

Со овој потег, Тунберг би можела да поттикне излезност на изборите кај помладите гласачи, кои обично гласаат во помал број од постарите Американци, проценува агенцијата.

Американскиот претседател Доналд Трамп ја исмејуваше шведската активистка, откако магазинот „Тајм“ ја прогласи за личност на годината во 2019 година.

Тој исто така саркастично го коментираше нејзиниот говор на самитот на ООН за климатските промени, кој се одржа минатата година.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Бројот на жртви од поплавите во Тексас достигна 70

ЕП ќе гласа за доверба на Урсула фон дер Лајен

Мал авион се урна во австриските Алпи – четири лица загинаа