Утрински Весник
Магазин

Греми-наградите најверојатно ќе бидат одложени

Греми-наградите најверојатно ќе бидат одложени

Светските медиуми навестуваат дека 64. доделување на наградите „Греми“ најверојатно ќе биде одложено поради Омикрон варијантата на коронавирусот.

Церемонијата во моментов е закажана за 31 јануари во Лос Анџелес во легендарната арена „Крипто. ком“, претходно позната како „Стејплес центар“.

Тревор Ноа ќе се врати како домаќин на настанот.

Извор изјави за „Билборд“ дека одложувањето се чини неизбежно, и дека церемонијата ќе биде презакажена.

Повеќе од 21,200 нови случаи на Ковид беа пријавени во округот Лос Анџелес на 1 јануари, според податоци на локалниот центар за јавно здравје.

Можете да прочитате

Вечерва е полна месечина- направете го ова и ќе се збогатите

Лажни страници за возрасни шират малвер кој краде сè

Храната што го штити мозокот и го намалува ризикот од деменција