Утрински Весник
Македонија

Граѓаните се тие кои одлучуваат за судбината на политичките партии, вели Ахмети по коментарот на Мицкоски

Граѓаните се тие кои одлучуваат за судбината на политичките партии, вели Ахмети по коментарот на Мицкоски

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети порача дека граѓаните се тие кои одлучуваат за судбината на политичките партии во државата и одредуваат кој ќе ја има одговорноста да владее. Неговата реакција следи по коментарот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој пред два дена за време на телевизиско гостување кажа дека правилото за коалицирање победник со победник не важи од оној момент кога Ахмети одлучил да направи влада со Зоран Заев.

Според Ахмети ова не е нешто ново, туку е веќе видено, иако со различни актери.

Во објава на социјалните мрежи, лидерот на ДУИ напиша дека гласот на граѓаните во едно демократско и мултиетничко општество е свет и одлучувачки и тоа мора да го почитуваат сите чија цел е еден ден да преземат одговорност и да ја водат државата.

 

Можете да прочитате

Спречен обид за илегално преминување на државната граница

Акција на полицијата во Гостивар: Марихуана пронајдена при претрес на дом

Успешна потрага на Шара: пронајдена жената која исчезна при искачување кон „Титов Врв“