Утрински Весник
Свет

Гранатиран украинскиот град Николаев, ранети над 12 луѓе

Најмалку 12 луѓе се ранети во руското гранатирање на украинскиот град Миколаев на југот на Украина, соопшти денеска шефот на регионалната воена администрација Виталиј Ким.

dobivaj vesti na viber

Како што рече тој, ракети од повеќе ракетни фрлачи погодиле две медицински установи и станбени згради, пренесе „Ројтерс“.

„ Засега има 12 ранети“, рече Ким во објава на Телеграм.

Претходно, градоначалникот на Миколаев, Олександар Сенкевич, објави дека во градот одекнуваат експлозии.

Можете да прочитате

Објавен транскрипт од разговор меѓу Сијарто и Лавров 

Трамп: Ако има договор, сами ќе го земеме збогатениот ураниум

Здружение од странски компании во Украина обработуваат 275.000 хектари земја