Утрински Весник
Македонија

Граната од Првата светска војна пронајдена на депонија во Битола

Граната од Првата светска војна пронајдена на депонија во Битола

Граната од Првата светска војна била пронајдена на депонија во Битола.

Според информациите на МВР, вчера В.Ѓ.(54)  вработен во ЈП „Комуналец“ – Битола пријавил дека, додека работел на депонија, пронашол артилериска граната од Првата светска војна.

Гранатата била безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка.

Можете да прочитате

Славески: Медиумите ја урнаа Алта банка

Миноски: Пензионерите без картички не смеат да останат без средства за живот

Миноски: Граѓаните чекаат плати и пензии од Алта банка, мора да знаат кога ќе можат да располагаат со своите пари