Утрински Весник
Македонија

Град Скопје се приклучува кон иницијативата за одбележување на Светскиот ден на детето

Град Скопје се приклучува кон иницијативата за одбележување на Светскиот ден на детето
Ss2

Град Скопје се приклучува на иницијативата за одбележување на Светскиот ден на детето – 20 Ноември и на покана на УНИЦЕФ ќе ги „обои“ во сино своите социјални мрежи „Фејсбук“, „Твитер“ и „Инстаграм“.

На овие мрежи ќе бидат споделени постери со пораки за посреќно детство #ЗаСекоеДете.

Img 5587

По повод усвојувањето на Конвенцијата за правата на детето на Обединетите нации, секоја година на 20 ноември се одбележува Светскиот ден на детето, ден исполнет со активности реализирани од децата, за децата.

Во изминатите години, во знак на поддршка, јавни објекти и градски обележја беа осветлувани во сина боја, но годинава поради актуелната енергетска криза оваа кампања според насоките на УНИЦЕФ ќе се реализира онлајн, на социјалните мрежи.

Оваа година акцентот на активностите по повод одбележувањето на Светскиот ден на детето се става на идеи за решенија на најголемите предизвици што ги засегаат нивните животи и нивната иднина, поврзани со три приоритетни теми: квалитетно образование, животна средина и квалитет на живот.

Ss1

Можете да прочитате

Ковачевски: Мицкоски и ДПМНЕ играат опасна игра која ќе стави крај на европската, но и демократската перспектива на земјата

Скандалозна порака на владиката Петар: Внимавајте за кого ќе гласате

Битиќи на велигденски јајца кај Спасовски дома (фото)