Утрински Весник
Македонија

Град Скопје: СДСМ со лагите ги оштетува Скопје и скопјани, градот има активен договор за горива

Градот Скопје ги демантира информациите пласирани во јавноста од СДСМ дека Противпожарната бригада е без гориво.

„ За точно информирање на јавноста, сакаме да истакнеме дека актуелниот договор за гориво, се уште не е исцрпен, односно има важност до 05.06.2022 година. Градот Скопје навреме ја почна процедурата за нов договор кој е потпишан, со што се обезбедува континуирано и редовно снабдување со гориво на градските служби и Противпожарната бригада.

Дополнително, сакаме да истакнеме дека Градот Скопје и Противпожарната бригада имаат предвидено и резерви за непречено функционирање, со што во ниту еден момент не е доведено во прашање нивното ефикасно функционирање“ велат од Градот Скопје.

Оттаму апелираат да не се манипулира со јавноста особено кога е во прашање работата на Противпожарната бригада, чие непречено функционирање е од огромно значење по сигурноста и безбедноста на скопјани.

Можете да прочитате

Љутков: По инцидентот во Кочани, вонредна инспекција покажа дека дел од културните објекти се небезбедни за јавноста

Република Северна Македонија избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации – ЕКОСОК

Мицкоски оди за Црна Гора на самитот ЕУ – Западен Балкан