Утрински Весник
Македонија

Град Скопје: СДСМ лаже и ги манипулира граѓаните за новиот билет на ЈСП

Град Скопје: СДСМ лаже и ги манипулира граѓаните за новиот билет на ЈСП

СДСМ повторно лаже и ги манипулира граѓаните за новиот билет на ЈСП, велат од Град Скопје.

Според нивното објаснување, билетот кој сега ќе се продава за 120 денари и граѓаните ќе можат да го користат во текот на еден ден неколкукратно, односно неограничено во времетраење на 24 часа, е веќе решение кое што поранешното градско раководство го вовело, а истото сега се имплементира.

„Градот Скопје во соработка со ЈСП во континуитет ќе работи на подобрување на условите на патниците, односно корисниците на градскиот превоз, иако СДСМ и понатака се обидува да ги спинува информациите и да работи на штета на граѓаните“, посочуваат од оваа институција.

Можете да прочитате

Мицкоски му ја честита победата на Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија

Пронајде 4.000 евра, но избра да биде чесен – Огнен доби признание

Силен ветер ќе ја зафати Македонија – граѓаните да бидат внимателни