Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Град Скопје: Противпожарната бригада не е место за партиски собири

Град Скопје: Противпожарната бригада не е место за партиски собири
300x250 opst2

Град Скопје реагира дека противпожарната бригада не е место за партиски собири, откако претходно денеска независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска, рече дека ѝ било забрането од командирот да влезе во просториите на Територијалната противпожарна единица – Автокоманда каде што е сместен Синдикатот на пожарникарите на Скопје.

„На партиските кампањи никогаш не им било местото во просториите на Хероите на Градот и тоа не смее да се промени за овие локални избори. Просториите на ПП бригадата во Автокоманда се стратешки безбедносен објект за Градот Скопје и мора да биде функционален и во припремна состојба во секое време. Според тоа, тоа не е место за никакви партиски собири или состаноци со кандидати со некои пожарникари“, велат од Град Скопје.

Оттука апелираат пожарникарите да бидат изоставени од партиските препукувања и да бидат оставени на мира да си ги извршуваат секојдневните обврски. Како што додаваат, синдикалните организации имаат право да се среќаваат со кого сакаат, се’ додека за тоа не ги користат просториите на противпожарната бригада на Град Скопје

Можете да прочитате

Мицкоски: Коалицијата на СДСМ, ДУИ и Левица е за пари, ВМРО-ДПМНЕ е за народот

Костова: Со стиснати тупаници против апашлукот на ДПМНЕ, се бориме за нашиот дом

Анастасов: Бесплатен седумдневен летен одмор за сите полуматуранти, бесплатна екскуризја низ Европа за сите матуранти во новиот мандат