Утрински Весник
Политички Партии

Град Скопје: Наместо реални решенија за проблемите на граѓаните, СДСМ продолжува со лаги

Град Скопје: Наместо реални решенија за проблемите на граѓаните, СДСМ продолжува со лаги

Од Град Скопје со реакција на соопштението од страна на СДСМ, во кое наведуваат дека Арсовска вдомува кадри на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

Наместо конкретни идеи за подобрување на животот на граѓаните СДСМ, посочуваат од Град Скопје, секојдневно шири невистини и лажни вести со кои нанесува директна штета на Градот Скопје.

„Не е вистина тврдењето на владејачката партија дека партиски кадри се вработуваат во Град Скопје. Станува збор за продолжување на договори на определено време на лица веќе вработени во градската администрација. Бројот предвиден годинава е значително намален во споредба со 2021 и 2020 година, и лицемерно е некој кој гласал за значително зголемување на вработувањата во градската администрација сега за истото да шири дезинформации“, е напишано од оваа институција.

Власта, додаваат од таму, наместо да шири лажни вести, да се посвети на тоа да им помогне на граѓаните. Владите во другите земји уште минатата година донесоа мерки за 2022 година да се надмине големата енергетска криза.

„Додека СДСМ на дневно ниво неосновано го напаѓа Градот Скопје, барајќи оправданија за неодговорната работа на Владата, граѓаните на Скопје се во опасност да останат без парно греење“, напоменуваат во соопштението од Град Скопје.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт