Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Градскиот пазар во Велес ќе работи секој ден од 6 до 13 часот, а малиот пазар е затворен

Градскиот пазар во Велес ќе работи секој ден од 6 до 13 часот, а малиот пазар е затворен
300x250 opst2

Велес, 24 март 2020 (МИА) – Малиот пазар во „Нова населба” останува затворен, а Градскиот пазар ќе работи секој ден, од 06:00 до 13:00 часот, што е во согласност со донесената вчерашна одлука на Општинскиот штаб за заштита и спасување на Општина Велес.

Како што информираат од општината, продажбата ќе биде ограничена исклучиво само на земјоделски производи  и тоа овошје, зеленчук и други прехрамбени производи, кои ќе бидат изложени на секоја втора тезга во редот.

Паркинг просторот надвор од пазарот ќе биде ограден и нема да се дозволува продажба на производи на тој простор, додека пак влегувањето и излегувањето на посетителите во пазарот ќе биде регулирано со два влезови.

Како што информираат од Општина Велес, двајца редари на денешниот пазарен ден веќе се грижеа за редот и внимаваа на препорачаното физичко растојание на купувачите при влегувањето во пазарот. Продавачите беа задолжени да носат заштитна опрема (маски и ракавици), а на влезовите беа  поставени средства за дезинфицирање и маски наменети за купувачите.

Времетраењето на задржување на купувачот во пазарот го определува ЈКП „Дервен” преку јасно истакнато и видливо известување до граѓаните.

Општина Велес апелира до граѓаните да се придржуваат до препорачаните мерки за заштита и ширење на Ковид-19. ад/ев/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ОЈО нареди обдукција на телото на Панчо

Костова побара поддршка за Шапов и советничката листа на СДСМ, да продолжи Богданци да се развива

Бесправно изградил куќа на брегот на Дебарското езеро, МВР му поднесе пијава