Утрински Весник
Свет

Градоначалникот на Лос Анџелес ја одби понудата на Бајден

Градоначалникот на Лос Анџелес ја одби понудата на Бајден

Градоначалникот на Лос Анџелес, Ерик Гарсети изјави дека ја отфрлил понудата да работи во администрацијата на новоизбраниот претседател Џо Бајден. Како причина, Гусати изјави дека сака да се фокусира на борбата против пандемијата на коронавирусот во тој град.

„Имаше понуда на маса за мене, но на администрацијата на Бајден им кажав многу јасно – сега морам да бидам тука“, рече Гарсети на прес-конференција. Тој одби да прецизира дали Бајден му понудил место во кабинетот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп: Ако победиме на изборите, ќе им платам на сите возрасни Американци по 5.000 долари

Американската компанија „Ковенант“ ќе произведува крстосувачки ракети „Антем“ во Германија

Нетанјаху: Иранскиот режим е на пат да се распадне