Утрински Весник
Македонија

Градоначалникот Богдановиќ подели 200 топли оброци за Рамазан Бајрам

Градоначалникот Богдановиќ подели 200 топли оброци за Рамазан Бајрам

Скопје, 24 мај 2020 (МИА) – По повод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, заедно со негови колеги и волонтери од невладината организација „Банка за храна“ поделија 200 топли оброци за жителите кои живеат во населбите Крњево и Маџир маало.

Од општината соопштија дека хуманата акција и донацијата спровеле во соработка со економските оператори и други физички и правни лица за жителите на Центар кои живеат во социјален ризик.

Изминатиот период, беа обезбедени пакети прехранбени продукти и основни намирници за живот на децата, деинституционализирани од Специјалниот завод „Демир Капија“, кои живеат во мали групни домови на територијата на Општина Центар, но и донации за приматели на социјална помош, згрижувачки семејства, стари лица со минимални пензиски примања, Центарот за помош на лица со ментален хендикеп – Порака, како и во полициските станици Центар и Пролет, посочуваат од општината.

– Навистина сум благодарен за несебичната хуманост и поддршка на сите економски оператори и поединци кои се вклучија во овие акции за денешниот голем муслимански празник Рамазан Бајрам и заедно им овозможивме на овие наши сограѓани да го прослават празникот со топол оброк, во нивните домови и со нивните семејства. За време на акцијата, секој од нас ги почитуваше препорачаните мерки на претпазливост и заштита од коронавирусот, изјави градоначалникот Богдановиќ.

Од општината додаваат дека како локална самоуправа продолжуваат и во наредниот период да обезбедуваат донации од општествено одговорни компании и хумани поединци, за помош и поддршка на најранливите категории граѓани кои живеат на територијата на Центар. рп/ев/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Екс-директорот Димовски најави одговор на наводите за злоупотреби во АНБ

(Видео) Молотов коктел фрлен во објект во Скопје

Северна Македонија на 51. место според Глобалниот индекс за мир за 2025 година